Филип Талески е постојано на мета на критики, дел од нив се доста навредливи. Тој за “Backstage” отворено зборуваше на оваа тема, не му сметаат јавните коментари, но му сметаат директните пораки кои постојано ги добива. Според него треба да се забрани овој начин на коментирање.
„На моите интервјуа има најомразени коментари, никој не им забранува да коментираат, не ми смета тоа, секоја има право да го каже своето мислење. Но треба да им се забрани да пишуваат директни пораки на една особа, тоа е недопустливо“, рече Талески.
Тој зборуваше и за Кирил Лазаров. Потврди дека со доаѓањето на селекторското место многу работи се промениле.
„Лазаров е број еден во светот, таков играч нема и никогаш нема да се роди друг играч како него. Со него како играч е феноменално да се игра, сега како селектор уште подобро. Со неговото доаѓање на селекторското место се променија многу работи, тоа се покажа на мечевите. Тој е победник во душа, тоа ќе не води нас да станеме како него, да ни го пренесе тој победнички дух“, изјави Талески.



