Гарванлиев не успеа да се пласира во финалето на Евровизија

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев кој настапи на првото полуфинале на „Евровизија” во Холандија со песната “Here I stand” не успеа да се пласира во финалето на натпреварувањето.

Гарванлиев настапи под реден број шест од 16 полуфиналисти, но не собра доволно гласови.

Во финалето ќе настапат Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи  во сабота на 22 мај.

Треба да знаете
Последни објави