Шеширот на Индијана Џонс оди на аукција каде ќе се продава за стотици илјади долари

Шеширот на Индијана Џонс се продава за вртоглава цифра на аукција во Лос Анџелес. Аукциската куќа „Prop Store“, организира аукција која ќе се одржи од 29 јуни до 1 јули.

Шеширот кој го носел Харисон Форд во филмот „Индијана Џонс“ од 1984 година се очекува да биде продаден за цена од 150.000 до 250.000 долари.

Петтото продолжениена филмот „Индијана Џонс“ би требало да биде и последно во кое актерот ќе ја толкува улогата на бестрашниот археолог.

Премиерата на филмот е одложена неколку пати, а според последните информации, остварувањето пристигнува во кината на 29 јули 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави