Претставничките на Србија на 65-тото издание на избор на песна за Евровизија се пласираа во големото финале, а тоа го прославија со ладен шампањ кој го добија на подарок директно од Белград, од таткото на една од девојките, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.
По прогласувањето и нивниот пласман во финалната натпреварувачка вечер, девојките од групата Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ цело време вееја српски знамиња, скокајќи и извикувајќи „Ајде напред, Србија“.
На социјалните мрежи од партнерката на пејачот се појави видео од Кнез на кое се гледа како со многу емоции го следи настапот на „Hurricane“, а неговата ќерка Ксенија татковата радост ја сподели и со фановите на нејзиниот инстаграм – профил.
„Ураганките“ со својот настап го воодушевија Кнез, кој како што може да се види на видеото е многу среќен и горд на нив.
Штом ситуацијата и впечатоците малку се смирија, српските претставници го отворија омилениот шампањ на Ксенија, кој нејзиниот татко и пејач Ненад Кнежевиќ Кнез го испратил вчеравечер од Белград до Ротердам преку пријател…
Преземено од Слободен Печат