На 65-тото издание на Евровизија триумфираше Италија.Победникот освои 524 гласа, втора е Франција, а трета Швајцарија.
Во финалето беа изведени 26 песни од Кипар, Албанија, Израел, Белгија Русија, Малта, Португалија Србија, Велика Британија, Грција, Шварцарија, Исланд, Шпанија, Молдавија, Германија, Финска, Бугарија, Литванија, Украина Франција, Азербејџан Норвешка, Холандија, Италија, Шведска и Сан Марино.Германија, Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија и Холандија се земјите кои секоја година директно влегуваат во во финалето.
Борбата за победничкото место се водеше меѓу Швајцарија, Франција и Италија. Италија и Исланд, по гласањето на сите земји учеснички. Според гласовите од телевоутингот и публиката, нула поени освоија Велика Британија, Германија, Шпанија, домаќинот Холандија, а ситуацијата се промени кога Финска изби на првото место, а потоа приматот го презеде Украина, потоа Исланд, по него Италија која остана да се бори за првото место со Швајцарија, која сепак не доби доволно поени да ја престигне Италија. Но, на крајот Италија убедливо триумфираше со 524 поени.



