Велика Британија прв учесник во историјата на Евровизија кој не доби поени од публиката ниту од жирито

На музичкиот фетивал  „Песна на Евровизија“ вчера во Ротердам за прв пат во историјата на ова натпреварување една земја доби нула поени и од жири и од публика.

Претставникот на Велика Британија, Џејмс Њуман, кој директно се пласираше во финалето, на негово големо разочарување не доби ниту еден поен од жирито, ниту, пак од публиката.

Њуман, откако водителите прочитаа дека не добил поен од гледачите стана од ложата со храбро лице, смеејќи се на резултатот и со шампаљко ги прскае членовите на неговиот тим.

Сепак, за негова утеха, тој не беше единствениот за кого публиката не гласала. Нула добија и Германија, Шпанија и Холандија, кои исто така освоија минимален број бодови и од жирито.

Треба да знаете
Последни објави