Скандал на „Евровизија“: Дали италијанскиот пеач зад сцената шмркаше кокаин?

Пејачот на групата Манескин, победникот на „Евровизија“, претставникот на Италија, Дамијано Дејви се најде во центарот на скандал, кога на прес-конференција по победата го прашаа дали шмркал кокаин зад сцената.

Тој рече дека не користи наркотични средства.

Денеска се споделува видео од директниот пренос, снимено зад сцената додека тече гласањето.
Победничкиот бенд на нивниот официјален профил на Инстаграм напишаа дека немаат што да кријат и дека се подготвени да бидат тестирани доколку е потребно.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што победивме. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот не е мртов. Ве сакаме”, се вели во објавата.

Треба да знаете
Последни објави