Дамиано Давид, е фронтменот на групата Манескин кој ја претставува Италија на Евровизија во Ротердам оваа година, тој има само 22 години и освен што го освои првото место на натпреварот, тој со својот несекојдневен изглед го привлече вниманието на многу жени, а една од нив е Сања Вучиќ (27) од групата Ураган.
Сања Вучиќ на прес-конференција призна дека Дамијано Давид од групата Манескин ѝ се допаѓа и дека би се омажила за него, а за време на неговиот настап во полуфиналето не можеше да го тргне погледот од него танцувајќи цело време. Ураганките всушност беа и првите кои му скокнаа во прегратка веднаш по победата, и му ја честитаа истата.
На припадничките на понежниот пол им се допаѓаше неговиот самоуверен перформанс во потпетици, необичен костум без маица и залижана коса, а не остана имуна ниту Сања, пишува српски Блиц.
Според Блиц, на прашњето за нејзиниот однос со Дамијан за време на прес-конференција таа не криела дека ѝ се допаѓа.
“Тој е убав човек. Да бидам искрена, сама сум .. Тој е прекрасен … ќе престанам да зборувам. Всушност, би се омажила со него, но тој е шест години помлад од мене”, рече таа низ смеа за „Wiwibloggs“ .



