Братот близнак му бил лут на Ештон Кучер затоа што ја открил неговата сериозна болест без да му одобри: „Не требаше да зборува за тоа на националната телевизија“

Мајкл Кучер (43), кој му е брат близнак на холивудскиот актер Ештон Кучер, страда од церебрална парализа.

Тој се обидувал да го крие тоа до 2003 година, кога неговиот брат ја откри семејната тајна во јавноста. Според написите во странските медиуми, овој потег многу го налутил Мајкл, кој не сакал да комуницира со Ештон, но подоцна сфатил дека станува збор за најдоброто нешто што му се има случено.

Имено, нивната мајка забележала проблеми во развојот на Мајкл кога имал 3 години, а потоа лекарите му дијагностицирале церебрална парализа. Како што вели, поради неговата попреченост, имал проблеми во создавање пријателства, но дека Ештон секогаш го бранел.

Ештон ме поддржуваше и ми помогна. Тој еднаш се спротивстави на децата кои ме навредуваа, тоа многу ми значеше“, раскажа Мајкл.

Кучер прозборе за тоа дека сакал да ја сокрие својата болест и дека бил лут кога Ештон зборувал за тоа на државната телевизија без негова дозвола.

Бев лут. Многу лут“, изјави тој за „Tудеј“, но како што вели, тоа било една од најголемите услуги што некој ги направил за него…

Преземено од Убавина и Здравје
Треба да знаете
Последни објави