Емисија Лица и дела на ТВ „ Сонце“ опстојува веќе 10 години. Во македонскиот етер емитувала десетици емисии со гости како од земјава така и надвор од неа. Станува збор за лежерна емисија во која со кафе муабет се претставуваат гостите, нивните дела или планови за иднина. Како дел од екипата која работи на емисијата се Симе Младеновски извршен продуцент и автор на емисијата, Мери Младеновска водител и уредник. Низ емисијата продефилираа Гаро, Пепи Ренџов, Дики Тавитијан, Јордан Митев, Јоце Пано, градоначалниците Велимир Смилевски, Саша Богдановиќ и Борче Георгиевски министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и многу други. Честитки за емисијата и за годишнината!