Јокиќ поради девојката останал без трансфер во Барселона, а од првите пари купил коњ

Српскиот кошаркарски интернационалец во најсилната лига на светот – НБА, Никола Јокиќ (26 г.) од редовите на Денвер сезонава е најсериозниот кандидат да го понесе индивидуалното признание за најдобар играч (МВП). Малку кој веруваше дека Јокиќ откако во 2015 година дирекно од Мега пристигна во Америка дека така брзо ќе се вивне во кошаркарските височини.

Јокиќ со Мега настапуваше во регионалната АБА лига и многумина пред да замине во НБА сметаа дека мора најпрво да се кали во Црвена звезда или Партизан, па во Евролигата, па потоа да оди преку „барата“. Пред да се одлучи за НБА за неговите услуги се интересирала шпанската Барселона која подготвила и петгодишен договор за момчето од Сомбор. Но, до овој трансфер не дошло бидејќи кога дошле скаутите на Барселона да го гледаат на натпреварот Мега – Цедевита, Јокиќ потфрлил !

-Деки (тренерот Дејан Милојевиќ н.з.) скаше да ме убие, вели Јокиќ во документарната серија „Човекот кој ја прави разликата“ . – Не знам. Се случува да се има лош ден. Малку не те сака, малку ти не сакаш и на крајот целата работа е катастрофа.

За ваквото издание на Јокиќ неговиот тренер Милојевиќ има објаснување.

-Претпоставувам дека одигра лош натпревар поради девојката која му замина во Америка. Беше многу емотивно поврзан и тоа многу го погоди. Нејзиното одење во Америка го измести целосно – открива Милојевиќ во истата емисија посветена на кошаркарскиот пат на Јокиќ.

Во прашање била Наталија Маќешиќ, долгогодишна девојка на Јокиќ со која се ожени минатата година, а биле заедно уште од средношколските денови. И покрај сегашната популарност и парите кои ги заработува Јокиќ не се изменил велат луѓето кои го познаваат ова момче вљубеник во коњите и коњичкиот спорт. Токму затоа со парите кои ги земал од првиот договор веднаш купил коњ ! Сега има ергела во Сомбор каде при секое доѓање во Србија задолжително оди да ги посети своите љубимци.

-Им се јавив на моите родители да им соопштам дека потпишав договор и дека сега можеме да купиме коњ. Тоа е првата работа која ја купив кога дојдов до пари – откри моментално еден од најдобрите играчи во светот.

 

Треба да знаете
Последни објави