Најмладите уживаа на „Забавата со Стела и Сани“, промовирани нови книги за омилените детски јунаци

Денес во градски парк на Школка се одржа „Забавата со Стела и Сани, забава за најмладите“ на која беа промовирани новите книги за деца и млади на истакнатите македонски автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски, во кои главните ликови се Стела и Сани!

Настанот го отворија близнаците од Аргентина кои со својата пантомима ги изнудија насмевките на најмладите, а по нивниот настап останавме во добро друштво со актерот Горазд Цветковски, кој ни кажа дека ужива со најмладите бидејќи радоста и насмевките се вистински, едноставно кажа дека уживаа во таа енергија.

На забавата беа промовирани новите сликовници од Бистра Георгиева, новата песничка со видео запис „Вертиго Вижуал“, кои се творците на овие двајца анимирани херои и три нови романи за деца од Винка Саздова, Венко Андоновски и Јагода Михајловска Георгиева.

Книгите се  во издание на Паблишер (пробренд на Три) во три единици, пет сликовници за најмладите, 6 сликовници за деца до 6 години, и три романи за деца од 8 до 15 години, а беа изведени 12 песнички.

Од самата организација кажа дека Стела и Сани се новите ликови кои ќе бидат најверните пријатели на најмладите во време на забава и едукација.

Сани и Стела се првите реализирани ликови кај нас во 3д технологија, што досега е за прв пат во нашата држава. Главна цел на проектот е да се зачува и афирмира јазикот, како македонскиот така и албанскиот.

 

На денешниот настан се обрати Љубомир Саздов, проект менаџер и иницијатор за денешниот настан, по него го видовме Коста Петров, еден од најчитаните автори кај нас и истовремено директор на Фондот за иновации и технолошки развој кој го подржжа проектот.

На присутните се обрати и авторот на сликовниците, Бистра Георгиева која им порача на најмадите да читаат што повеќе.

На настанот беше и илустраторот Катерина Николовска, која целиот настан го помина забавувајќи се и цртајќи со најмладите.

На настстанот можевме да забележиме дека сите се забавуваат без оглед на годините, на настанот имаше и многу наши јавни личности кој исто така беа во одлично расположение.

Треба да знаете
Последни објави