Нов филм во режија на Шон Пен е меѓу филмовите кои ќе ја доживеат својата премиера на престижниот филмски фестивал во Кан.
Настанот ќе се одржи во живо следниот месец, но со строги мерки за заштита од Ковид-19 за присутните.
Драмата Flag Day („Денот на знамето“), во која глуми Шон Пен и Џош Бролин, е адаптација на книгата на Џенифер Вогел. Интересна сторија за татко кој живее двоен живот како фалсификатор, разбојник на банка и измамник, со цел да обезбеди иднина за својата ќерка.
Претходните режисерски напори на Пен се филмовите: Into The Wild, The Pledge и The Crossing Guard.