Поп ѕвездата Гвен Стефани на раката носи прстен со дијамант лента што предизвика гласини дека таа веќе е мажена за кантри-пејачот Блејк Шелтон.
51-годишната фронтменка на бендот No Doubt беше фотографирана во Лос Анџелес во вторникот каде покажа многу интересно парче накит на левиот прст, а некои селебрити-медиуми веднаш искоментираа дека ваков накит обично се подарува на невестата.
Ова се случува само неколку дена откако Стефани сподели фотографија на која се чини дека приредува моминска вечер, a во описот на објавата со големи букви напиша : „Таа се мажи“.
Гвен го покажа својот дијамантски прстен облечена во тегет панталони од нејзината линија облека Anaheim Hillbillies во комбинација со жолта кошула и бели каубојски чизми – најдобра реклама на сопствениот бренд.
Во октомври минатата година, Гвен и Блејк решија да се верат, а со тоа и да ја официјализираат нивната петгодишна врска. Убавата вест ја објавија на Инстаграм.