Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс важеа за еден од најхармоничните парови, но како што се шпекулираше долго време, нивната врска не е веќе најсјајна, што наводно влијаело на здравјето на славниот актер.
Брзата помош и полицијата интервенирале во домот на славната двојка. Според странските медиуми, актерот не се чувствувал добро и се однесувал чудно, поради што му била укажана лекарска помош.
![](http://24infomk.blink.mk/wp-content/uploads/2023/01/d0bcd0b0d198d0bad0bb-d0b4d0b0d0b3d0bbd0b0d181-d185d0bed181d0bfd0b8d182d0b0d0bbd0b8d0b7d0b8d180d0b0d0bd-d0bfd0bed180d0b0d0b4d0b8-d0bc_63d96d98944ff.gif)
– Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл, бидејќи тој се однесуваше невообичаено и мислеа дека му треба лекарска помош – изјави неименуван инсајдер.
Даглас наводно имал ментални нарушувања и се претпоставува дека се поврзани со брачните проблеми, кои дополнително биле негативно погодени од карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.
Да потсетиме, актерот се бореше со рак на грлото и се шпекулираше дека повторно има проблеми со консумирање алкохол. Дали ова е причина за несогласувања во бракот, или е тоа нивна последица, останува неизвесно.
Преземено од Локално