Еден од најпопуларните готвачи во Македонија, Марк Де Јонг и неговата избраничка, Василка Димовска, одлучија и официјално да стапат во брак.
Марк долго време беше во врска со Василка, а врската викендов ja крунисана со брак.
Иако протоколите за свадби поради пандемијата на коронавирусот попуштија, сепак, Марк и Василка се одлучиле за „скромна“ свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели.
Венчавката се одржа на елитен гастромномско-вински локалитет во Скопје.
На венчавката биле присутни и децата на Марк, ќерката и синот, кој сподели и видео од свадбената церемонија.
Преземено од +инфо