Во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се бореа вкупно 16 кандидати од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, а публиката го бираше победникот преку СМС гласови.
Во текот на финалната вечер пристигнале 486 933 гласа, а победата ја освои Махир Мулаил од тимот на Марија Шерифовиќ.
Сега пристигнаа и конечните резултати од гласовите и Гранд објави за секој кандидат колку гласа освоил.
По првиот пресек, натпреварувањето го напуштија Селим Селимовиќ (1.112 гласа), Ивана Богиќевиќ (1.253 гласа), Мартин Ајдаревиќ (2 014 гласа), Александар и Димитрије Казиќ (2. 753 гласа), Немања Петровиќ (3.540 гласа) Мухарем Хадровиќ (5 018 гласа), Крстиња Тодоровиќ (5 228 гласа) и Белма Хусеинефендиќ (5 310 гласа).
Во вториот пресек, натпреварувањето го напуштија Бојан Павловиќ ( 13 203 гласа), Садик Хасановиќ (17 568 гласа), Марија Груевска (20 811 гласа) и Зорја Пајиќ (22 384 гласа).
На четврто место се најде Мите Стоилков со 50 081 гласа, а на трето место Валентина Кузмановиќ со 66 720 гласа.
Победникот Махир освои 136 428 гласа, а второ пласираниот Исак освои 133 510 гласа.
Преземено од Вистина.мк