Ким Кардашијан ги покажа своите облини кога излезе на прошетка во Рим во вторникот вечерта.
40-годишната реалити ѕвезда внесе доза на забавен и игрив темперамент во својот летен стил, одбирајќи парче на кое на многумина омиленото овошје е аплицирано како принт.
Таа на себе има мини фустан со цреши во комбинација со кафеави сандали со отворени прсти и вкрстени ремчиња околу ногата.
Изгледот го дополни со кармин за усни со мат ефект, а на главата има црна капа на која има лист марихуана на предната страна.
Ким делува расположена додека е на одмор во италијанската престолнина среде бракоразводна постапка. Таа изгледа подобро од кога било по разделбата од Канје Вест, но се чини и раперот продолжи понатаму. Тој реши да тргне по својот пат во друштво на супермоделот Ирина Шајк.