(Видео) Хит-серијата „Сопранови“ доби филм

Тони Сопрано се врати по тринаесет години во нов филм кој ја истражува неговата трансформација во еден од најголемите антихерои на ТВ.

Трејлерот за крими драмата The Many Saints of Newark („Многуте светци на Њуварк“) чија приказна му претходи на дејствието на легендарната серија „Сопранови“, беше споделен неодамна.

Првиот трејлер нуди поглед на Ентони (Мајкл Гандолфини), тинејџер со висок коефициент на интелигенција, кој оди во училиште но цвета под крилото на неговиот сакан чичко Дики Молтисанти (Алеснадро Нивола). Од прифаќање украдени телевизори до напади врз луѓе сред бел ден, филмот го опишува подемот и предизвикот на мафијашите во сè повеќе растргнатиот град Њуварк во Њу Џерси.

Сценариото е напишано од креаторите на култната серија, Дејвид Чејс и Лоренс Конер. Дејствието е сместено во 60-ите години за време на расните нереди во Њуварк.

Треба да знаете
Последни објави