Жешко во Бодрум: Дилета Леота ужива на јахтата на туркиот заводник Јаман

Турскиот актер Џан Јаман и неговата девојка, најзгодната италијанска спортска водителка Дилета Леота се „уловени“ на одмор, а турскиот заводник не ги тргнува рацете од оваа прекрасна русокоса.

Џан и Дилета се фотографирани на нивната јахта во Бодрум, но иако сакале да бидат сами и да уживаат далеку од очите на јавноста, папараците ја „уловиле“ оваа двојка во жешко издание.

Убавата Леота (29) и мускулестиот Кан (31) се сретнаа кога и двајцата снимаа реклами за апликацијата Бадифит минатата година. Тој и испратил порака, па се сретнале во Рим во првата можност. Очигледно си се допаднале затоа што Јаман се придружил на нејзиното друштво кога минатиот август го прославувала својот 29-ти роденден во ресторан на Сардинија. Отпрвин тие негираа дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нив. Згора на тоа, таа преку своите ПР луѓе објави дека не биле во врска.

Сепак, во февруари годинава, Јаман, кој има 7,9 милиони следбеници на Инстаграм, започна да објавува споделени фотографии на својот профил, а веднаш после тоа, Леота ги разочара своите 7,8 милиони обожаватели со објавите кои јасно покажуваат дека го сака згодниот Турчин.

Треба да знаете
Последни објави