Мадона се води за рака со своето 27-годишно момче на аеродром во Њујорк

Седумкратната добитничка на Греми Мадона се држеше за рака со својот партнер Ахламалик Вилијамс на аеродромот Џон Ф. Кенеди (JFK) во Њујорк во вторникот.

62-годишната кралица на попот е 35 години постара од танчерот од Сакраменто, со кого започна врска во 2018 година.

Мадона е со нејзината омилена фризура со плетенки, а на себе има црна качулка со принт од цртани филмови, соодветни шорцеви под зимско палто и чизми.

Ахламалик имал само 20 години кога суперѕвездата го ангажирала во 2015 година да танцува во текот на  нејзината светска турнеја Rebel Heart („Бунтовничкo срце“) во која имаше 82 настапи во Северна Америка, Азија, Европа и Океанија.

Во понеделникот, Material Girl ги анкетираше своите фанови да ѝ помогнат да одлучи дали да го прослави роденденот во Лисабон или Рио де Жанеиро. Таа ќе полни 63 години на 16 август.

Треба да знаете
Последни објави