Антонио Бандерас се приклучува на ѕвездената екипа на петтото продолжение на култниот серијал Индијана Џонс.
Веста беше објавена во четвртокот, но без детали за ликот кој ќе го глуми 60-годишниот шпански актер, објави „Вараети“.
Продукцијата на многу очекуваниот проект веќе е во тек во Велика Британија, иако sвездата Харисон Форд (79) во моментов не е во можност да снима поради повреда на рамото што ја доби на снимањето.
Харисон Форд (79) ќе ја репризира насловната улога на Хенри Волтон Индијана Џонс, професор по археологија и голем аватурист.
Долгоочекуваното продолжение на мегапопуларната филмска сага беше одложено поради пандемијата на Ковид-19.