Шон Пен одбива да работи на новата серија сè додека секој член на екипата не прими вакцина

Шон Пен зазема став на начин што може да ја разниша целата филмска и ТВ-индустрија, одбивајќи да работи на новата драмска серија Gaslit сè додека не се вакцинираат сите членови на актерскиот и техничкиот тим.

Тврдиот став на актерот доаѓа само неколку дена по премиерата на Канскиот филмски фестивал на неговиот нов режисерски обид – Flag day („Денот на знамето“), во кој исто така и глуми.

Според „Дедлајн“, Пен нуди да ги олесни напорите за вакцинација против Ковид-19 без никаков трошок за актерите и техничката екипа.

Продукцијата започна кон крајот на април во Лос Анџелес, аПен, наводно, има уште само неколку недели додека не ја заврши серијата.

Студиото на Gaslit, „Ен-би-су јуниверзал“ ја направи вакцинацијата задолжителна за членовите на продукцијата во „Зона А“, која вклучува членови на актерскиот тим и други во непосредна близина на актерите.

Треба да знаете
Последни објави