Роби Вилијамс ја губи косата

Хитмејкерот немаше друг избор освен да ја избричи целата глава кога неодамна сфати дека на некои места нема коса, но подоцна тој реши да го направи својот нов изглед попривлечен со стилизирање на кратката коса.

И така се решил за фризура на мохиканец – само без висина.

Говорејќи во видео поставено на Инстаграм-профилот на неговата сопруга Ајда Филд, 42-годишната актерка вели: “Роби Вилијамс, имаш нов изглед. Што се случува?”

На што Роби одговори: „Ја губам косата, се проретчува, и мислев дека наместо да се борам против тоа, треба да смислам интересна фризура. Првиот чекор беше да ја избричам главата и да видам како изгледа.“

„Подоцна ми текна за фризура мохиканец“, додава тој.

Треба да знаете
Последни објави