На свадбите кумата е специјално задолжена за добрата атмосфера, а на една венчавка во Србија таа ги оправда сите очекувања, па и повеќе од тоа.
На социјалните мрежи се појави видео од венчавката, која наводно била во околината на Шабац, каде може да се види како кумата ги забавува гостите и истовремено пука со пиштол.
Имено, таа во еден момент на венчавката го фаќа микрофонот и ја пее „Potpoiću ovaj splav” од Стоја, а пиштолот го држи во другата рака. Потоа го крева оружјето високо во воздух и почна да пука.
Гостите со ентузијазам го следеа целиот настап, а после тоа, група од присутните, меѓу кои и кумата скокнаа во базенот, не грижејќи се за елегантните костуми.
Целото видео може да го видите тука