Оскаровката Џенифер Хадсон заблеска во раскошен виолетов фустан на синоќешната премиера на биографскиот филм за Арета Френклин, „Респект“, во театарот „Риџенс вилиџ“ во Вествуд, Лос Анџелес.
39-годишната актерка родена во Чикаго зачекори на црниот тепих во креација без прерамки со страничен шлиц и чевли Кристијан Лубутин, избор на нејзиното стајлинг-дуо Wayman + Micah.
Фустанот на Џенифер има драматичен вел долг над шест метри.
Хадсон целосно ја отелотвори кралицата на соул-музиката, па дури и пее во живо во една сцена од филмот, кој ќе се појави во американските кина овој петок, а во кината во Велика Британија на 10 септември.
Френклин, која поседуваше еден од најмоќните вокали во музичката историја, почина пред три години, на 76-годишна возраст.
Пред да почине во 2018 година, соул-кралицата Арета Френклин лично ја избра Џенифер Хадсон да глуми во филмот за нејзиниот живот.
Филмот биографија е во режија на Лизл Томи, а во него покрај Хадсон се појавуваат и Марлон Вејанс, Одра Мекдоналд, Форест Витакер, Квин Латифа, Марк Марон…