Полубратот на Меган Маркл јавно го предупредил Хари: „Мојата малоумна и користољубива полусестра ќе ти го уништи животот“

Имено, тој влегол во популарното телевизиско шоу „Big Brother VIP“, а на самиот почеток без влакна на јазикот зборувал за својата полусестра.

Меган Маркл очигледно е дека нема многу среќа во последниве месеци.

За краток временски период го помина патот од омилена личност во кралското семејство до најомразената личност во Британија, а за сè се заслужни вистината или подобро кажано „вистините“ кои ги изнесе во интервјуто кај популарната Опра Винфри.

После сето тоа што се случуваше само нејзината мајка е на нејзина страна, додека пак останатите членови од нејзиното семејство, особено машките претставници, за малку пари биле подготвени да ги кажат сите негативни работи за неа.

Иако во сето тоа предност има нејзиниот татко, сега одлучил да проговори уште еден член од семејството Маркл, нејзиниот полубрат Томас.

Имено, тој влегол во популарното телевизиско шоу „Big Brother VIP“, а на самиот почеток почнал да зборува за неговата полусестра.

Имено, тој тврдел дека го предупредил Хари на самиот почеток дека неговата „разгалена, малоумна и користољубива полусестра ќе му го уништи животот“.

„Едноставно е плитка. Не ја гледа пошироката слика, важно ѝ е само тоа што го има сега. Не се грижи за последиците“, изјавил Томас и додал дека се обидувал да му го објасни тоа на Хари, дека Меган не е вистинската жена за него.

Томас истакнал дека го боли тоа колку некогаш тој и Меган биле блиски, но дека повеќе не е огорчен поради тоа што ситуацијата сега не е таква.

Едно е сигурно – дека во иднина може да очекуваме уште пикантерии во врска со Меган Маркл.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави