На црногорска плажа, туристите беа збунети од табла на која пишува дека комплет лежалка и чадор за сонце е поскап од поединечните цени на истите.
На Фејсбук кружи табла на која пишува: Плажа Стефан лежалка 3 евра, чадор 2 евра, комплет 7 евра.
Испаѓа дека ако земете комплет, ќе ве чини 2 евра повеќе отколку поединечно.
„Ова е виша математика,“ коментираат на социјалната мрежа, каде се појави извесна Андреа која беше доста лута.
„Многу сте глупави. Некој доаѓа и сам на плажа,“ напиша видно вознемирената коментаторка на веселата математика, која најверојатно сфатила дека комплет се однесува на пар, а не на лежалка плус чадор.
Таа заборави да напомене дека зборот „комплет“ некои може да го разберат како сет на лежалка плус чадор за сонце.
Друг коментираше: „2 евра екстра за гледање на задници и гради. И тоа кошта исто така“.