Ед Ширан смета дека младите луѓе треба да се охрабруваат да бидат креативни, а не да се присилувааат да се фокусираат на факултет.
Британскиот хитмејкер ги повика децата да го следат патот што го сакаат, исто како и тој.
Во колумната Wаtts the Goss во весникот „Сандеј мирор“ тој напиша: „Мислам дека многуе е важно да се поттикнува креативноста кај децата.“
„Кога бев дете велев дека сакам да бидам музичар, и ќе ми речеа: Треба да најдеш вистинска работа.“
„Училиштето е толку стресно. Има многу испити – математика, англиски и наука – сите овие работи се многу тешки. Но, она што сакам да им го кажам на децата е дека ако го правите она што го сакате, на крајот ќе добиете плата за тоа“.
И 30-годишната sвезда инсистира на тоа дека научил повеќе од ниските точки на својата кариера отколку од високите.
„Учиш многу повеќе од неуспех отколку што учиш од успех,“ пишува Ширан.