Рајан Рејнолдс потврди дека продолжението на научнофантастичната акција комедија „Слободно момче“ (Free Guy) е на пат.
44 -годишниот актер во филмот глуми вработен во банка кој се обидува да ги спаси своите пријатели од бришење кога ќе дознае дека е лик во видеоигра.
Рејнолдс со големо задоволство им најави на фановите дека „Дизни“ сака да сними продолжение по успешниот викенд на отворањето на филмот.
Тој на Твитер напиша: „По многуте пораки за FreeGuy како оригинален ИП-филм, Дизни денес потврди дека и официјално сакаат продолжение.“