Импресивна суперјахта Vanish, долга 70 метри, летово беше закотвена на излезот од марината во Слано, Хрватска.
Станува збор за нова убавица вредна дури 120 милиони долари, а од „додатна опрема“ има мал хеликоптер со кој удобно може да се транспортираат гостите за да се одржи максимална дискреција и удобност.
Медиумите откриваат дека јахтата „Вениш“ е изградена во Холандија во 2021 година за потребите на британскиот мултимилијардер Лери Вен Тул, кој во 2015 година го продаде својот автомобилски бизнис за девет милијарди долари и задржа само одредени ексклузивни застапници/ дилери, како „Хонда“ за Обединетото Кралство.
Јахтата може да прими 12 гости и 20 членови екипаж.
Нејзините карактеристики вклучуваат атриум висок три палуби, кој се издига од главната палуба до платформата за сончање, и бич-клуб со постојан поглед кон водата.
Лери Вен Тул е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.Неговото богатство беше проценето на 3,5 милијарди долари пред големата продажба, така што цената на Vanish е „вистинска ситница“. Претходната, десет метри долга јахта „Хемпшир“, направена во 2016 година, очигледно беше премала за него, па ја продаде на британскиот милијардер Ендрју Кари.