Холивуд зуи за новата двојка! Џон Траволта наводно започнал љубовна врска со Деми Мур, а ги споил никој друг туку Брус Вилис!
Веројатно никој не би го очекувал тоа, но се шпекулира дека Холивуд има нова љубовна двојка!
Според странските медиуми, актерот Џон Траволта и актерката Деми Мур се почесто може да се видат заедно. Келнерка во ресторан во Флорида за медиумите изјави дека двајцата седеле на маса во аголот, со запалени свеќи, многу се смееле и се држеле за раце.
Уште поинтересно е што се шпекулира дека им се придружил Брус Вилис, кој е поранешен сопруг на Деми, но и долгогодишен пријател на Траволта. Се вели дека тој му предложил да се види со Деми кога рекол дека е подготвен за љубов по смртта на неговата сопруга Кели Престон.

