Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен пред натпреваерот на домашната бундеслигашка сцена со Бохум објави информација која ги изненади сите. Напаѓачот Кингсли Коман имал успешна операција на срцето ! Коман е играчот кој на Баерн во 2020 година му ја донесе последната титула европски првак со триумфот во Лигата на шампионите со минималниот триумф над ПСЖ (1:0). Коман имал пореметување на срцевиот ритам што влијаело врз неговото дишење, па поради тоа е одлучено да замине на операција и со тоа да се надмине проблемот.
Според тренерот Јулијан Нагелсман се ќе биде во ред и напаѓачот набрзо ќе може да им се врати на обврските и му помогне на клубот.
-Звучи многу подраматично отколку што е. Се справува многу добро, има минимална болка во раната. Тоа го имаат некои луѓе, но има разлика дали мојот најголем напор е да одам до фрижидер и да пијам ладно светло пиво – или дали сум конкурентен спортист -рече Нагелсман.