Рома забележа шеста победа во низа во истотолку настапи во новата фудбалска сезона под водство на искусниот трофеен тренер Жозе Мурињо. Последната убедлива победа (5:1) беше во натпревар од новоформираната Конференциска Лига Европа како домаќин против бугарската ЦСКА Софија, но Португалецот не е задоволен. „Специјалниот“ се жали дека фудбалерите не ги почитувале неговите барања и не играле како што се договориле.
-Не игравме добро. Создаваме вистинска екипа, но не ми се допадна како игравме. На моменти бевме добри, но веќе разговаравме за тоа дека мора да бидеме уште подобри кога ќе има тешки моменти. Не сум задоволен, не игравме квалитетно. Пред два дена трениравме, а бековите не ги почитуваа барањата, вели Португалецот.