Полицијата уапси 12 лица по судирите меѓу навивачите пред и по натпреварот од фудбалската Лига Европа помеѓу Лестер и Наполи (2:2), пренесува „Фудбал Италија”.
Пред и по натпреварот, имаше неколку судири меѓу навивачите во близина на стадионот.
За време на мечот, навивачите на италијанскиот тим започнаа расправија со локалната полиција и навивачите на противничкиот тим.
Во следното коло од Лига Европа, Лестер ќе игра на гости кај Легија, додека Наполи ќе го пречека Спартак.
Натпреварите ќе се одиграат на 30 септември.