Норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд од редовите на Борусија Дортмунд е прогласен за најдобар играч во германското првенство за месец август. Младиот и корпулентен напаѓач Халанд (21 г.) во август успеа да се запише во листата на стрелците по трипати во победите на својот тим во дуелите против Ајнтрахт Франкфурт (5-2) и Хофенхајм (3-2).
Борусија оствари две првенствени победи во месец август и еднаш беше поразена од Фрајбург (1-2), а загуби и од Баерн во германскиот Суперкуп (1-3).
Халанд пристигна во Борусија од Салцбург во јануари 2020 година. Договорот на Норвежанецот со „милионерите“ му е со важност до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, Халанд одигра 40 натпревари за Борусија, во кои постигна 40 гола. Пазарната вредност на фудбалската берза во моментов на Халанд се проценува на 130 милиони евра.