Во првиот меч од 5. коло на Премиер лигата на „Сент Џејмс Парк“ играа Њукасл и Лидс, а мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Гостите дојдоа во водство со погодокот на Рафиња во 13. минута, но изедначи Сен Максимин во 44. минута. Тој резултат остана до крајот, па двете екипи си поделија по бод.
И Њукасл и Лидс по пет кола се уште немаат победа во Премиер лигата. Њукасл осви два бода, додека Лидс има бод повеќе.