Првиот ден на ЕXPO 30 во знакот на македонската мода

Вчера во Музеј на современа уметност се одржа првиот ден од настанот EXPO 30 во организација на Боттега Евенти, гостите имаа прилика да ги погледнат новите модни колекции на пет македонски дизајнери, да се забававуваат со македонски ди-џеи и да дегустрираат македонски производи. Настанот е организиран по повод одбележување на 30 години независност на државата и е поддржан од страна на Владата на РС Македонија.

Ревискиот дел на EXPO 30 го отвори дизајнерот Никола Ефтимов со колекцијата „(Лични) деклинации и (емотивни цитати)“, во која сумира едел дел од своите дизајнерски пристапи, техники на изведба и украсување и концепти што го интерирале авторот во изминатите децении и нивно препрочитување.  Колекцијата автореферентна и новонастанатите парчиња облека и модни додатоци се деклинации на дел од клучните реализирани дизајни, со актуелен дизајнерски став.

На  EXPO 30 модната марка „Лудус“ ја претстави колекцијата „Постродовост IV“ за есен-зима 2021/22, четвртиот дел од серијата колекции во кои се разработува футурстичката визија на општество без родови улоги. Ова е најодржливата колекција на „Лудус“ досега, како резултат на заложбите на брендот за продлабочување на еколошкото и одржливо производство. Колекцијата спојува традиционално македонско занаетчиство, локално набавени материјали и волница, рачни вештини од мајстори сорабоници на брендот и вешт технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“.

Росица Мршиќ ја претстави колекцијата Dreamy Passage, пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување. Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето и таа ги враќа романтичните, пријатни чувства, видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера и ја спојува со нови современи изрази изградени преку разиграни, но сепак глатки, фини и софистицирани силуети.

Дизајнерката Евгенија Зафировска ги поврзува модата и архитектурата преку колекцијата The Beginning, која е инспирирана од апстрактниот елемент кој нè потсетува на скалила или мал аудиториум, пример за спој помеѓу инфраструктурната функција и јавен објект MO·NU·MENTS, претставува практична соработка, истражување и заштита на архитектонското наследство и израз на нашето убедување. Проектот Othernity со наслов MO·NU·MENTS е претставен на Венециското биенале за архитектура со придонес од Архитектонското студио KONNTRA. Архитектурата на иднината може да се гради врз минатото за да се постигне соодветна флексибилниост, одржливост и силни врски на идентитет.

Првата вечер на EXPO 30 ја заокружи модната ревија на „Маригуча“ со колекцијата Oblivion (State od Obscurity) во која дизајнерката Нела Тодоровска истражува како работничката облека да ја претопи во модерна. Со појавата на првите работнички облеки во минатиот век, се појавува бранот на универзалната облека, која што со мали измени ја прифаќаме и денес. Оваа колекција обработува една работничка облека од минатиот век, комбинирајќи примеси од панк културата и сајбер модата.

Ди-џеите Зоки Бејбе, Бранчез, Флудер, Дела и Вишко беа музичка подлога на модните ревии, а потоа со свои ди-џеј сетови ги забавуваа гостите кои во експо зоната дегустираа пијалоци и деликатесни производи од десет македонски компании – Пивара Скопје, Гемак, Mamas Food, Винарија Тиквеш, Горска вода, Витаминка, Бако, Млекара здравје, Бимилк и Прима густо.

Поради актуелните Ковид 9-мерки ограничен е бројот на посетители кои ќе може да присуствуваат на EXPO 30, но пошироката публика има можност да ги следи сите модни ревии онлајн на следниот линк https://bottegaeventi.com/exppo-30/

Денеска во рамките на EXPO 30 ќе се одржат шест ревии на кои ќе се претстават Лидија Георгиева, Силвија Михајловска – „Алшар“, Митко Занов, Јована Филиповиќ и  Кокев, а групна ревија ќе имаат на студентите по моден дизајн од три факултети.

На EXPO.30 ќе бидат спроведувани сите актуелно важечки протоколи за организација на настани донесени од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави