Како лулка на многу цивилизации и религии, Азија отсекогаш привлекувала патници, авантуристи и, денес – туристи, со својата разновидна култура, величествените архитектури и некогашните средишта на моќ. Следат пет храмови што во Азија што вреди да се посетат.
- Боробудур, Индонезија
Изграден во Средна Јава, во 9. век, овој колосален комплекс кусо потоа бил напуштен и неколку векови празен. Повторно бил откриен дури во 19 век.
- Ват Ронг Кун, Тајланд
„Белиот храм” во Муанг Чијанг Рај е нов, приватен дворец, дизајниран од тајландски визуелен уметник. Некои негови делови се сѐ уште недовршени, а се очекува работите да привршат за околу 50 години.
- Храмот Ранганатасвами, јужна Индија
Ова здание со светли бои е веројатно најголемиот хиндуистички храм на планетава. Хинду фестивалот што се одржува таму во декември привлекува повеќе од милион посетители секоја година.
- Паро Такстанг, Бутан
Единствениот начин на кој може да се стигне до ова свето место на Хималаите е со јавање коњ или пеш. Со право се смета за еден од најголемите архитектонски скапоцености во Азија.
- Пагодата Швемадау во Баго, Мјанмар
Оваа структура од 10. век била уништена и обновена повеќепати. Денешната кула е висока 114 метри, и е една од највисоките пагоди во земјата.