Јапонските ракометарки славеа против Палестина со неверојатни 56:1. Ова секако е еден од начудните резултати во овој спорт.
Јапонките 19 пати учествуваа на светските првенства, а од 2004 година само еднаш не застанале на подиумот на азискитеп рвенства и беа фаворитки пред дуелот, но тешко дека некој очеквуаше ваков резултат.
Единствениот гол Палестиан го постигна во 35. минута после еден удар од скоро 11 метри.
Овој резултат сепак не е светски рекорд. Не е дури ниту најубедлива победа на Јапонките кои во 2014 година славеа против Малдиви со 79:0. Рекордот интересно го држат Фарските Острови кои Албанија во 2016 година ја победија со 81:1, но тогаш албанскиот сојуз направи грешка и испрати погрешни ракометарки.