Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Циндриќ од редовите на актуелниот европски првак Барселона ќе мора да направи хирушка интервенција на рамото, соопшти шпанскиот тим. Поранешниот ракометар на Вардар, Циндриќ го повреди рамото на натпреварот против Фленсбург и неизвесно е колку време ќе биде надвор од тимот.
Европскиот првак на отварањето на овогодишната сезона во Лигата на Шампионите славеше на гостувањето во Германија против Фленсбург со 25-21, но остана без услугите на Циндриќ од 12. минута од натпреварот. Поранешниот ракометар на Вардар е трет повреден играч во каталонскиот тим на самиот почеток на сезоната по Тим Н’Гуесан и Аитор Арино.