Бритни Спирс се врати на Инстаграм по кусата пауза за да ја прослави свршувачката.
Поп ѕвездата направи пауза од платформата за споделување фотографии, откако долгогодишниот партнер Сем Асгари ја запроси.
И откако рече „да“, пред да ужива неколку дена заедно со идниот сопруг, Бритни потврди дека се враќа на социјалните мрежи.
Таа сподели две фотографии со придружна порака: „Не можев да се држам подалеку од ‘Инста’, па веќе се вратив! Напиша дека фотографиите се направени во Палм Спрингс.
Минатата недела беше откриено дека 39-годишната пејачка го избришала својот Инстаграм-профил.