Заради подобра организација на целиот настан организаторите на атлетскиот 17. Виз Ер Скопски Маратон направија промени во трката на 5 км која беше планирана за 2 октомври, истата да се одржи на 3 октомври, заедно со другите трки, маратон, полумаратон и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.
Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи во недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5 км ќе се трча со старт во 8:10 часот.