Меси има повреда може да го пропушти дербито во Лигата на шампионите

Потегот на тренерот на лидерот во француската фудбалска Лига 1, Маурисио Покетино да го повлече од игра својот оснародник Аргентинецот Лионел Меси на мечот со Лион, предизвика лавина од реакции во спортската јавност. Причината за ваквиот потег на Покетино беше непозната, но откако се обелодени дека големата фудбалска ѕвезда која летово пристигна во Париз, Меси имал повреда работите се враќаат во нормала.

Според информациите од Франција, Меси има мала повреда на левото колено, следните неколку дена ќе има одлука дали и колку ќе одмара, а медиумите во Англија пишуваат дека Аргентинецот е можно да го пропушти дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите следната недела.

ПСЖ на 28 септември го пречекува Сити во 2. коло од групата во ЛШ, не е познато дали Меси ќе биде подготвен за оваа средба поради повредата, но и поради физичката неподготвеност која му создава проблеми.

Треба да знаете
Последни објави