Стара снимка од концерти на „Секс пистолс“ продадена на аукција за 15.000 фунти

Единствената позната снимка од две свирки на легендарните „Секс пистолс“ што ја запалија музичката сцена во Манчестер и иницираа цела генерација бендови се продаде на аукција за 15,000 фунти.

Музичкиот фан Марк Робертс ги снимил концертите на панк рок-бендот во салата „Лесер фри трејд“ во 1976 година. Снимени се на 8-милиметарска лента.

Идните членови на Buzzcocks, New Order, The Smiths, The Fall и Ентони Вилсон, кој ја основа реномираната издвачка куќа Factory Records, беа присутни на свирките.

Аукционерот Пол Ферведер рече дека снимките на музичките икони на 70-тите се уникатни.

Треба да знаете
Последни објави