(Видео) Во Босна фудбалот е опасна игра, ќотек и запален автомобил на судиите

Натпреварот помеѓу Вележ и Борац во Мостар од 10. коло во босанскиот фудбалски шампионат не го дочека својот крај, беше прекинат во 82. минута при резултат 2:0 за гостите откако десетина домашни навивачи влетале на теренот и почнале да делат своја правда. Полицијата инервенирала и по смирување на страстите гарантирала дека средбата може да биде мирно приведена до крајот, но делегатот Драгомир Џајиќ добил инструкции од федерација да го прекине мечот.

Нередите со доведување во опасност на животот на судиите продолжиле по натпреаврот. Главниот судија Сабрија Топаловиќ од Зеница бил нападнат во близина на Јабланица, во автомобилот во кој се наоѓал заедно со помошникот Адмир Шеховиќ и супервизорот Аднан Алиспахиќ, кој според тамошните медиуми завршил во болница.

До нападот дошло во тунелот Лендава каде, според првите информации бил пресретнат автомобилот во кој се наоѓал Топаловиќ, а потоа и запален. Домашните навивачи биле незадоволни од неговата арбитража, бидејќи, според нив, не досудил пенал за Вележ при резултат 0-0. Освен тоа, тие сметаат дека имало прекршок во акцијата по која гостите го постигнале водечкиот гол за 1-0.

 

 

Треба да знаете
Последни објави