Нагелсман импресиониран од изданијата на Баерн на стартот на сезоната

Тренерот на гермнаскиот фудбалски првак Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, го пофали настапот на неговиот тим на почетокот на сезоната 2021/22.

– Импресиониран сум од нашиот почеток, желбата и карактерот на тимот.

Како и да е, се уште имаме огромен неискористен потенцијал, мислам дека ќе станеме уште подобри. Го очекувам ова, изјави Нагелсман.

Баерн е лидер во генералниот пласман на германското првенство со 13 бода по пет натпревари.

Следниот натпревар Баварците ќе го одиграат против Гројтер Фурт на 24 септември.

Треба да знаете
Последни објави