Францускиот фудбал заземе се поголемо внимание кај љубителите на најважната споредна работа во светот, но не со игрите и резултатите кои се постигнуваат во оваа земја, туку поради скандалите кои се редат со инцидентите што ги предизвикуваат навивачите. По пресметките на натпреварите Олимпик Марсеј – Ница и Лил – Лион, синоќа се случи нов инцидент во кој повторно главната улога ја имаа симпатизерите на тимот од Марсеј. Навивачите на Олимпик се судирја со домашните навивачи на Анже и тоа не било каде туку на фудбалскиот терен откако натпреварот меѓу овие две екипи беше завршен без победник 0:0.
Симпатизерите на Олимпик го минале кордонот кој го направиле редарите влетале на теренот и отпочнале физичка пресметка со домашните навивачи, во која биле употребени и пиротехнички средства.
Marseille fans from the away end take to the pitch to confront Angers supporters after their 0-0 draw. (????: @MattMargueritte) pic.twitter.com/nr2LqrxXc1
— Get French Football News (@GFFN) September 22, 2021