Македонскиот фудбалски репрезентативец е промовиран во нов играч на украинскиот Мариупол. По разделбата со АЕК Ларнака, 31-годишниот Спировски се одлучи кариерата да ја продолжи во украинскиот шампионат потпишувајќи договор до крајот на сезоната со Мариупол.
Украинскиот тим Мариупол по осум одиграни натпревари во Суперлигата оваа сезона има само четири бода и е на претпоследната 15 позиција. Спировски треба да му помогне на клубот во битката за опстанок во елитното друштво.
Спировски, во македонскиот шампионат има настапи за Пелистер, Вардар и Работнички, претходно во интернационалната кариера беше дел од српскиот Борац Чачак, бугарски Берое, унгарски Ференцварош, израелски Хапоел Тел Авив и кипарски АЕК Ларнака од каде сега се сели во Украина. За репрезентацијата на Македонија има 41 настапи и има постигнато еден гол.