Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода

Тренерот на фудбалскиот прволигаш од Чаир, Шкупи, Гоце Седлоски, е среќен поради триумфот на неговите избраници во дерби пресметката од 8. коло со Академија Пандев (3:1) во Струмица.

-Морам да им честитам на играчите за победата која е многу важна. Мислам дека заслуживме три бода. По голот што го примивме, направив неколку замени за поголема енергија на теренот и почнавме да напаѓаме цело време. Не сакам да зборувам за досудените пенали, но можам да кажам дека создадовме многу шанси и одигравме многу добар натпревар. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар против Работнички, бидејќи тоа е исто така важен натпревар и ги повикувам нашите навивачи да создадат добра атмосфера на трибините, изјави Седлоски.

По овој триумф Шкупи е собра 17 бодови и благодарение на подобрата гол-разлика од Ренова ја презеде лидерската позиција.

 

Треба да знаете
Последни објави